Излезни анкети: „Не“ во предност над „да“ на референдумот во Грција

Атина, 5 јули 2015 (МИА) - Последните истражувања на јавното мислење спроведени за време на референдумот и две излезни анкети по затворањето на избирачките места, покажуваат дека мнозинството Грци кои излегле на избирачките места ја заокружиле опцијата „не“.

Дел од западните медиуми пренесуваат резултати од две излезни анкети кои укажуваат дека „не“ е во предност, додека анкетите кои ги спровеле ГПО, Метрон Анализис и МРБ исто така укажуваат дека противниците на предлогот на кредиторите водат за три процентни поени.

Неколку минути по завршувањето на референдумот во Грција, локалните медиуми објавија прогноза на резултатите кои наведуваат дека Грците гласале против препораките на странските кредитори.

Шест водечки тв станици во Грција прогнозираат победа на опцијата „не“, додека социолозите кои гостуваат на локалните телевизии се согласни дека „општа проценка е оти на референдумот победува „не“.

Владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис изјави дека грчката Влада сака да ги обнови преговорите со меѓународните кредитори неодложно, за да постигне договор, што ќе ја задржи Грција на површината, пренесе БТА.

- Преговорите кои ќе почнат мора да завршат многу брзо, за 48 часа, рече Сакеларидис.

Според проценките, непосредно пред истекот на гласањето, одѕивот на избирачите бил околу 65 отсто, исто како и на предвремените парламентарни избори, одржани во јануари годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...