Габриел: Грците ги урнаа сите мостови

Берлин,  6 јули 2015 (МИА) - Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел не може да замисли како ќе се одвиваат преговорите со Грција по убедливата референдумска победа на тие што се против предлозите на меѓународните кредитори.
 
Габриел за весникот „Тагесшпигел“ изјави дека премиерот Ципрас и владата на СИРИЗА  го водат грчкиот народ на патот кон горчлива безнадежност.
 
Заменикот на Меркел смета дека одбивањето на правилата на еврозоната ги прави нереални преговорите за програмата вредна милијарди евра. 
 
Ципрас „ги урна сите мостови по кои Грција можеше да се движи кон компромис“, изјави Габриел, кој е лидер на втората најголема германска партија - СПД, која е во коалиција со ЦДУ на Меркел.
 
Канцеларката во врска со најновиот развој на грчката криза денеска во Париз ќе разговара со францускиот претседател Франсоа Оланд чија што земја по Германија е вториот најголем грчки кредитор. Предходно двајцата лидери изјавија дека резултатите од референдумот мора да се почитува и повикаа на специјален самит на еврозоната во вторник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...