Кикбоксерот од Косово, Валдет Гаши, е убиен во Сирија како припадник на „Исламската држава“, пренесуваат медиумите во Приштина.
Според пишувањата, Гаши (29) се приклучил на ISIS во јануари минатата година со надеж дека ќе помогне во градењето на „модерна калифатска држава во Сирија“.
-Сакам да направам нешто добро додека умирам. Тоа ќе ме направи среќен, во една прилика изјави Гаши.
Швајцарските медиуми пренесоа дека Гаши бил убиен на 27- ми јуни.