Јункер пред Европарламентот: Моја желба е да се избегне „грекзит“

Стразбур, 7 јули 2015 (МИА) - Претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер зборувајќи пред Европскиот парламент по извештајот на летонското претседателство со ЕУ, нагласи дека сака да се избегне сценариото на „грекзит“, односно излез на Грција од еврозоната, јави дописникот на МИА од Стразбур.

- Моја волја, моја желба е за да се избегне „грекзит“. Време е да се најдеме на преговарачка маса, изјави Јункер.

Тој рече дека Европската комисија работи на повторно отворање преговори со Грција, додавајќи дека по победата на „не“ на референдумот во неделата. топката сега е на грчката страна и Атина треба да објасни како може да се реши кризата.

Јункер истакна дека Европската комисија ќе направи се за да се постигне договор, нагласувајќи дека таа треба да се грижи за интерсите на целата еврозона и за волјата „изразена од сите други 18 демократии, бидејќи Грција е само една од 19-те демократии на еврозоната“.

- Не треба да се заборави на Грција, но не треба да се заборави ниту на другите земји, рече Јункер пред Европскиот парламент.

Обвинет од еден италијански европратеник од редовите на евроскптиците дека не внинмава што зборуваат тие и дека цело време гледа во својот мобилен телефон, Јункер одговори дека треба да се прекине со демагогијата и дека тој разменува текстуални пораки со грчкиот премиер во врска на вечерашниот самит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...