Deutsche Welle

Ципрас: „Грција се бореше до крај“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас тврди дека на самитот на Еврогрупата е постигнато најдоброто можно решение за неговата земја. „Сега стоиме пред тешки одлуки“, изјави грчкиот премиер по маратонската седница во Брисел.



„Водевме правична борба до самиот крај“, изјави грчкиот премиер, според кого во преговорите со Германија и останатите држави од еврозоната околу нова програма за финансиска помош, Грција успеала да пробие редица свои барања. Конечно, прашањето за „грекзит“ припаѓа на минатоот, убеден е премиерот.

Грција во Брисел ја врати „својата загубена национална сувереност и може да стои на сопствени нозе“, рече Ципрас. Истовремено, неговата влада зад себе оставила „важно наследство за неопходните промени во Европа“.

17-часовните преговори беа тешки, стоев пред тешки одлуки, истакна Ципрас. Во спорот околу бараниот приватизациски фонд, на што инсистираше Германија, грчкиот премиер успеал да спречи „јавното богатство да биде пренесено во странство“- така, седиштето на Фондот сега ќе биде во Грција, а не во Луксембург, како што првично предложи Берлин. Грција успеа да го спречи планот за „финансиско задавување“ и за колапс на банкарскиот систем, и ја доби битката околу реструктуирањето на долговите, тврди Алексис Ципрас.

Тој е уверен оти „големо мнозинство од народот ќе ги поддржи овие напори“, најавувајќи: „Грција ќе продолжи да се бори, потребни се радикални реформи за справување со старите олигарси “.

Во наредните денови, односно до среда, грчкиот парламент мора да усвои редица реформи, пред да почнат фактичките преговори околу програмата за финансиска помош на Грција.

Атина од 2010 година се одржува со помошта на меѓународните кредитори. И покрај тоа на земјата и‘ се заканува повторно економски и финансиски колапс и излез од еврозоната. Грција минатата недела достави барање за трет пакет финансиска помош од Еврогрупата, кои за возврат поставија строги услови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...