Обвинителство бара притвор за осомничениот за напад врз лекари и полицајци во казино во Битола

Основното јавно обвинителство Битола предложи одредување мерка притвор за осомничениот за напад врз лекари и полицајци во казино во Битола на 29 јуни годинава.



Како што информираат од ЈОРСМ, на 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво нападнал доктор од итната медицинска служба кој му давал лекарска помош.

-Го удрил со тупаница и му нанел телесна повреда. По укажувањето на медицинската помош, осомничениот бил пренесен во ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде исто така давал активен отпор да биде третиран, па била повикана и полициска асистенција. Кога пристигнале двајцата полициски службеници, осомничениот 28-годишник и нив ги нападнал, ги удирал повеќе пати и им се заканувал, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Основното јавно обвинителство Битола, информира дека против лицето постои основано сомнение дека сторило дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност“ предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ согласно член 383 од Кривичниот законик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...