Процесот на евроинтеграции е жив, со тргање на билатерализацијата може да се најде начин да се движиме напред

Централна тема на денешната билатерална средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе биде Планот за раст, меѓутоа на секој состанок со високите претставници од Брисел секако дека разговараме и за изнаоѓање на можни решенија, притоа за зачувување на нашите позиции и обезбедување на процесот на евроинтеграции до крај, така што очекуваме дека и таа тема ќе се отвори на денешната билатерална средба, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарски прашања, на денешната прес-конференција по повод една година Влада.



Во однос на пораките од еврокомесарката Кос, Муртезани рече дека дека не може хипотетички да одговори, но дека „се што води во насока на дијалог што ќе значи предвидливост во процесот на преговори за нас е добредојдено“.

-И премиерот лично и Владата во неколку наврати сме изразиле подготвеност да го почнеме тој процес на дијалог, кој што ќе води до откочување на процесот, изјави Муртезани.

Прашан околу спорот со Бугарија и политичката блокада, Муртезани рече дека процесот на интеграција на земјата во ЕУ не е само бугарското вето, посочувајќи дека има многу сегменти и продолжува.

-Процесот не е блокиран, тој е жив, има многу сегменти и продолжува. Бугарското вето подразбира пречка за отворање на преговорите според преговарачката рамка. Тоа што ние се фокусираме во Планот за раст е бидејќи ЕУ преку оваа рамка им овозможува пристап на граѓаните на Западен Балкан кон услуги кои ексклузивно биле само за земји членки на ЕУ. Затоа, без да станеме членка граѓаните на земјите кандидати може да бидат дел од овие поволности, изјави Муртезани.

Во однос на барањето решенија и отворање на преговорите, Муртезани посочи дека нашата држава секогаш покажувала спремност.

-Но, за жал тенденцијата на билатерализација ги потврдува, нашите ставови дека билатерализацијата ќе продолжи и понатаму, изјави Муртезани.

Муртезани, уште една посочи дека како Влада не се плашат од никакви барања, туку тие нови барања да не бидат билатерални и да не се претвораат во блокади.

-Кога ги слушаме високите претставници од Брисел, тие велат спроведувајте ги уставните измени. Кога ги слушаме претставниците од Бугарија, тие велат уставните измени, преговарачката рамка, протоколите. Ова значи дека не е истиот став. Ние велиме, дека ако се инсистира на сите овие на кои инсистира Бугарија, а вклчувајќи го и вториот протокол, тоа е голем ризик, оти ако внимателно го читаме протоколот, гледаме таму се е билатерализирано и сите тие чекори во иднина може многу лесно да се претворат во блокади, изјави Муртезани.

Во однос на протоколите од Договорот за добрососедство со Бугарија, Муртезани рече дека клучниот проблем е унитералната позиција на Бугарија, која што се претвара во заедничка позиција на ЕУ.

-Унилатералнат интерпретација на сите тие документи на Бугарија е преку призмата на билатерализација. Ние сметаме дека за сите тие документи, кои што дел се во преговарачката рамка, а дел не се, со тргање на диоптријата на билатерализација може да се најде начин ние да се движиме напред, меѓутоа ако се инсистира на сите тие документи да се гледа исклучиво од билатерална диоптрија, мислам дека ќе останеме блокирани и понатаму, изјави Муртезани.

Според Муртезани, не значи дека ако имаме завршена преговарачка структура, таа ќе чека се додека не се изнајде решение со Бугарија, посочувајќи дека државата веќе ги има добиено сите шест извештаи од скрининг процесот и структурата за преговори која е надлежна ќе ги земе и дава насоки на институции за спроведување на потребните реформи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две плавуши си разговараат:
- Што мислиш, што барале девојките со машките порано ?
- Како тоа порано ?
- Па порано, пред да се измислат парите и кога немало коли ?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1913.- Со нападот на бугарските сили на позициите...
1941.- Непосредно по капитулацијата на Полска...
1960.- Белгија ја призна независноста на својата...
1972.- Укината е смртната казна во САД.