Грчкиот парламент го поддржа предлогот на кредиторите, Веруфакис гласаше против

Атина, 16 јули 2015 (МИА) - Грчкиот парламент поддржа предлог закон за итни мерки за водење преговори и склучување договор со Европскиот стабилизациски механизам. За предложените мерки гласаа 229 пратеници, 64 беа против и шест - воздржани.

Владејачката Сириза го одобри Законот благодарение на проевропските опозициски партии додека неколку пратеници од владејачката коалиција меѓу кои и доскорешниот министер за финансии Јанис Варуфакис гласаа против. Против беа Комунистичката партија и десничарската Златна зора.

Пратениците гласаа за документот поединечно на пленарна седница на парламентот.

Локални медиуми јавуваат дека меѓу оние кои биле против се и министерот за енергетика Панајотис Лафазанис од Сириза, заменикот министер за финансии Надја Валавани и првиот заменик министер за здравство Димитрис Стратулис и првиот заменик на министерот за одбрана Костас Исихос.



Против гласаа околу 30 членови на Сириза, а неколкумина беа и воздржани.

Премиерот Алексис Ципрас нагласи во парламентот дека не се согласува со тој договор, но државата немала друг избор доколку сака да остане во еврозоната.

- Нема да се откажеме од ветувањето до крај да се бориме за правата на работниците. Нема друг начин освен сите да поделиме товар на таа одговорност, наведе Ципрас.



Претседавачот со Еврогрупата Јерун Дијселблум потврди дека денеска ќе има телефонска конференција на министрите за финансии на еврозоната за да се утврди дали Грција ги усвоила сите мерки кои кредиторите ги барале за отпочнување преговори за третиот пакет помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...