Ципрас ќе биде принуден на предвремени избори во Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, многу веројатно ќе биде принуден да организира предвремени парламентарни избори во Грција, пишува лондонски „Гардијан“ објаснувајќи го тоа со политичката криза која се надвиснува над земјата, по усвојувањето на пакетот мерки за помош, што ги побара еврозоната.

Пролабуристичкиот весник оценува дека Ципрас успеал да ги протурка во Парламентот во Атина мерките кои му ги наложија од еврозоната, за да се добијат средствата за покривање на грчката неликвидност и за избегнување на банкротот, но дека за тоа ќе мора да плати висока политичка цена.

Дури 40 пратеници на неговата партија Сириза гласаа доцна синоќа против сопствената влада и пакетот на ЕУ за помош и за спас на Грција.

Не помогнаа уверувањата на Ципрас дека тој бил принуден да ги прифати европските барања, иако не се согласува со нив, само во интерес на иднината на земјата.

Според лондонскиот весник, Ципрас сега е присилен да изврши реконструкција на својата влада и од неа да ги тргне оние министри кои му создаваат проблеми. Тоа може да му помогне за момент, но не се верува дека може да му обезбеди ефективно управување со владата во наредните месеци.

Весникот смета дека незадоволството во грчката крајна левица и нејзината разочараност од Ципрас, кој само пред две недели на референдумското изјаснување ја доби поддршката да им се спротивстави на „европските уцени и притисоци“ а сега се прикажува како „капитулант“ може да предизвика расцеп во Сириза.

Крајната левица, организациите и групите од тој блок, синдикатите блиски до нив, како и комунистите ги предводеа вчерашните протести во центарот на Атина.

Незадоволните работници најавуваат нови протести и штрајкови, против, како што велат „понижувањето и капитулацијата на Грција пред капиталистите“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...