Србија: Математичари тврдат дека 97,1 отсто е веројатноста Лото извлекувањето да е наместено

Белград, 31 јули 2015 (МИА) - Државната лотарија на Србија и понатаму се обидува да убеди милион граѓани на државата кои во вторникот гледале извлекување броеви за таа игра на среќа дека тоа е „случајност“ што петтиот број по ред прво се појави на екраните, а половина минута подоцна беше извлечен.

За математичарите работата е јасна - веројатноста Лотарија да ја зборува вистината е 2,9 отсто додека 97,1 отсто е веројатноста дека Лотарија на Србија не кажува вистина.

- Во спорниот момент во тркалото останаа 35 топчиња. Под претпоставка дека претходните броеви се извлечени правилно, веројатноста по најавата да биде извлечен бројот токму 21 е 2,87 отсто. Тоа е математика, а што навистина се случувало знаат само луѓето во Лотарија на Србија, вели за Блиц, Миљан Кнежевиќ доцент доктор по математика.

И покрај очигледниот скандал пред милионски аудиториум во државната лотарија на Србија тврдат дека се било регуларно. Директорот на Лотарија на Србија веќе поднесе оставка поради скандалот, а полицијата ќе го испитува случајот.

За „теоретичарите на заговори“ причина за тој скандал е во хрватскиот софтвер што го користат во Лотарија на Србија. Поранешниот претседател на Собранието на Лотарија, Владимир Ѓукановиќ вели дека софтверот е купен од хрватската фирма Нирвана, објави Блиц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...