Грчкото Популарно единство демантира дека има 29 членови

Атина, 21 август 2015 (МИА) - Новоформираната парламентарна група во грчкиот Парламент, „Популарно единство“ издаде соопштение во кое потврдува дека има 25 пратеници.

Претходно беше соопштено дека на групата и се приклучиле уште четворица пратеници на Сириза, но тоа е демантирано.

- Ќе се обидеме да му дадеме глас на народот кој гласаше не на референдумот, изјави поранешниот претник на Сириза кој сега е дел од „Популарно единство“ Костас Лапавицас.

- Ќе продолжиме по анти-меморандумскиот пат, кој ја направи Сириза она што е, се додека не стана про меморандум партија. Ќе ја продожиме анти-меморандумската политика, истакна тој за ЕРТ.

На новинарско прашање дали групата преговара и ќе соработува со други партии, Лапавицас рече дека „Популарно единство создава фронт на кој грчкиот народ може да се потпре“.

Новата парламентарна група е побројна од третата избрана партија во Парламентот, Златна зора, и според Уставот, ќе го добие третиот мандат да формира влада.

Според Уставот на Грција, ако една влада поднесе оставка во рок од една година од последните избори, претседателот на земјата треба да врачи прелиминарен мандат на лидери на опозицијата, кои ќе се обидат да формираат влада, почнувајќи од најголемата партија. Мандатот трае три дена и ако напорите не успеат, мандатот и се доделува на втората по големина опозициска партија, а потоа на третата.Ако сите овие обиди да се формира нова влада пропаднат, тогаш претседателот закажува избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...