АНАЛИЗА: Балкан – Пред рајските порти на ЕУ

По стивнувањето на војните на Балканот, сега најважното прашање во овој регион е кога и како земјите ќе се присоединат кон Европската унија. Словенија го направи тоа во 2004 година, а Хрватска во 2013 година.

За останатите држави таа цел е многу далечна. Од пред извесно време перспективите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, кои се во различна етапа од својата европска интергација, не изгледаат воопшто охрабрувачки, пишува „Економист“, пренесува Нетпрес.

Последните месеци донесоа напредок, кој сепак остана незабележан за останатиот дел од погодената од разни кризи Европа. На 25 август, годинава, со посредство на ЕУ, Косово и Србија потпишаа неколку спогодби, меѓу кои и една која им дава повеќе власт на косовските општини во кои мнозинство е српското население. ЕУ, исто така, беше посредник и на потпишувањето на договорот за нови избори во Македонија, каде политичката криза достигна една критична точка. Во истовреме, ЕУ се откажа од својата безрезултатна политика за блокирање на напредокот на БиХ во европските интеграции.

Според албанскиот аналитичар Ремзи Лани, единствената голема промена е тоа што лидерите на западен Балкан, сега повеќе го слушаат и почитуваат Берлин отколку Брисел.

– Сега е времето на Германија, смета Лани.

Промената е очигледна, и таа најмногу дојде до израз на регионалната средба, која се одржа на 27 август, годинава, во Виена. Премиерите од Балкан имаа средба, која стана позната како „Берлинскиот процес“, и која беше раководена од германскиот канцелар Ангела Меркел, по нејзината посета на Албанија, БиХ и Србија, во јули, годинава.

– Овојпат, германските дипломати ја имаа главната улога. Сега Европската комисија не прави ништо на Балканот, без претходно да добие зелено светло од Германија, објавува „Економист“, изјава на неименуван висок дипломат.

Но, и друг голем играч дискретно се враќа во игра. САД, кои по 1999 година постепено се повлекоа од Балкан, сега се многу поактивни и често и’ помагаат на ЕУ и тоа со навремено дипломатско вмешување. Американски претставници имаа водечка улога во вршењето притисок врз Косово, за формирање на суд за воени злосторства, кој ја има поддршката и од ЕУ. Тие помогнаа и при склучувањето на договор за разрешување на политичката криза во Македонија, во јули годинава.


Лидерите од Балкан повеќе го слушаат Берлин отколку ЕУ

Има многу различни причини, поради кои регионот наречен Балкан сега им го привлече повеќе вниманието на западните престолнини и ЕУ. Корупцијата, национализмот и екстремизмот во регионот се зголемуваат. Муслимани патуваат во Сирија, за да се борат во редовите на Исламска држава. Во некои држави, пак, се забележува зајакнување русофилството. Со своите планови да учествува во руски воени вежби, Србија привлекува критики од западните земји.

– Од стратешка гледна точка ЕУ треба да ја забрза европската интеграција на Балкан, смета косовскиот министер за интеграција, Беким Колаку.

Иако многу земји членки не ја милуваат темата за проширување на ЕУ сојузот, со текот на времето одлагањето ќе чини многу поскапо, особено Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...