Србија не е концентрационен логор на Унгарија

Лондон, 15 септември 2015 (МИА) - Официјален Белград денеска  остро ја предупреди Владата во Будимпешта да не ги враќа назад од Унгарија во Србија, бегалците кои веќе се наоѓаат на унгарска територија.

Предупредувањето доаѓа откако по стапувањето во сила на новите законски мерки за имигранти, унгарските власти ја прогласија Србија како „безбедна земја“, па најавија дека во неа  ќе ги враќаат сите бегалци и мигранти со нерегулиран статус.

Во интервју за лондонски „Дејли Телеграф“, српскиот министер за труд и социјална политика Александар Вулин вели дека нема да има враќање на бегалците.

- Србија не е концентрационен логор на Унгарија, изјави Вулин.

Според српскиот министер, не може никој да се враќа назад без согласност и без јасно изразена волја на луѓето кои бегаат од воените жаришта.

- Тие не се криминалци, не направиле никакво криминално дело, па затоа не може да бидат протерувани (и враќани во Србија), ако не сакаат, а колку што знам тие не сакаат да живеат во Србија, туку бараат начин да стигнат до Европа или до некоја друга дестинација, изјави српскиот министер.



Вулин го критикува однесувањето на унгарските власти кон бегалците и ја осуди одлуката да се постави ограда долж српско-унгарската граница.

- Страшно е во 21 век да се подигаат огради со бодликав тел на нив„ вели Вулин, кој смета дека српската Влада се покажала како најкооперативна и спремна да им помогне на луѓето во оваа криза.

Според него, на патот на бегалците од Турција, преку Балканот до Европа, само во Србија не се регистрирани никакви инциденти.

- Такви случаи имаше во Грција, во Македонија, во Унгарија и во Австрија, но не и на српска територија, изјави Вулин во интервјуто за „Дејли Телеграф“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...