Терористите патуваат со авион, а не со чамци преку море

Загреб, 18 септември 2015 (МИА) - Хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусиќ изјави дека напливот на бегалци од Сирија и од Блискиот Исток во Хрватска не би требало да се третира како „безбедносна ситуација“, туку само како бегалска криза.

- Терористите патуваат со авиони и тоа со бизнис класа, а не со гумени чамци преку море, затоа што не сакаат да ризикуваат да настрадаат на таквото ризично патување, рече Пусиќ во изјава за телевизијата Н1.

Изјавата на Пусиќ доаѓа по критиките од хрватската опозиција и пред се од најголемата опизициска партија, Хрватската демократска заедница (ХДЗ), дека Владата „не се снаоѓа во кризата“ и дека Хрватска се соочува со „безбедносна ситуација“, а не со социјален проблем за тоа како да им се помогне на луѓето кои бегаат од воените судирања.

Ваквата квалификација опозициската ХДЗ ја објаснива со тврдењата дека бегалците може да предизвикаат загрозување на внатрешната безбедност на земјата, како и дека со нив може да влезат и некои од терористите од групите кои дејствуваат на Блискиот Исток.

Владата во Загреб ја отфрли идејата да се ангажира војската, на што инисистираше и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која доаѓа од редовите на ХДЗ, тврдејќи дека Хрватска нема толку војнци за да ги покрие сите делови од границата со соседите и да спречи бегалците да навлегуваат низ полињата и нивите.

Премиерот Зоран Милановиќ денеска исто така демантираше дека станува збор за некаква „безбедносна ситуација“. Тој  невообичаено остро го критикуваше однесувањето на Унгарија и на Словенија кон бегалците, затоа што ги затвораат своите граници, претворајќи ја хрватската територија во своевиден собирен центар за бегалци, за овие две соседни земји.

Милановиќ порача дека луѓето кои се на територијата на Хрватска, сега организирано ќе се префрлаат до границите со соседите, за потоа да продолжат на Запад што е и цел на нивното долго патување.

Хрватскиот премиер ја прекори и ХДЗ дека заговарајќи остри мерки за заштита од бегалците, се однесува кон нив на истиот начин како и унгарската владејачка партија Фидес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...