Стотици имигранти се упатија кон турската граници со Грција

Анкара, 18 септември 2015 (МИА) - Стотици имигранти, во најголемиот број Сиријци, денеска се упатија кон турската граница со Грција, откако неколку дена минаа во шатори и под отворно небо крај патиштата што водат кон граничните премини. 

Според турските медими, жандармеријата, која на почетокот на неделва постави барикади на патните правци со цел да го спречи движењето на бегалците кон Грција, денеска не ја запреле масата имигранти.

Раздвижувањето на имигрантите уследи откако локалните власти во турскиот пограничен град Едрене денеска соопштија дека нема да им дозволат да преминат преку копнената граница со Грција.

- Едноставно не можеме да им дозволиме на овие луѓе да преминат на територијата на Грција. Ако некои од нив имаат основа за минување на границата, како покана или официјална најава од некоја земја дека е подготвена да ги прими, ние ќе ги качиме на авиони или во автобуси и ќе ги испратиме таму. Но, засега ниту една земја не најави таква иницијатива. Затоа ние не можеме да се однесуваме поинаку, изјави гувернерот на Едрене, Дурсун Али Шахин.

Во пограничните региони на Турција кон Грција од 14 септември почнаа да пристигнуваат поголеми групи имигранти, чија цел е како што велат „да влезат во Европа“. Во моментов во тој регион се собрани неколку илјади бегалци, кои минаа три ноќи под шатори, чадори или под отворено небо. Околу 50 од нив, кои не можеле да ги поднесат таквите услови вчера се вратија во Истанбул.

Турските власти им дадоа рок до денеска да ја напуштат пограничната зона, меѓутоа бегалците најавија дека немаат намера да заминат од таму се додека не се сретнат со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Според нив, доколку не дојде до таква средба тие се подготвени самоиницијативно да тргнат кон турската граница со Грција.

Грчките власти вчера соопштија дека е можно големи бегалски групи од Сирија да се обидат да влезат во Грција преку копнената граница со Турција на реката Марица.

- Од наша страна, ние се подготвуваме на можен нов бран на границата на Марица, изјави портпаролот на преодната грчка Влада, Родолфос Моронис.

Во меѓу време на централната автобуска станица во Истанбул и натаму се наоѓаат околу 1.500 бегалци, кои се обидуваат со автобуси да заминат кон пограничните региони на Турција со Грција.

Турските власти засега не им дозволуваат да се упатат кон границата, туку ги држат во реонот на автобуската станица, редовно обезбедувајќи им храна и вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...