Првите официјални резултати ја потврдуваат победата на Сириза

Атина, 20 септември 2015 (МИА) – Сириза освои 35,31 проценти од гласовите на  предвремените избори во Грција, покажуваат првите официјални резултати по преброени нешто повеќе од 22 отсто од гласовите.

На второ место е Нова демократија со 28,18 проценти, по неа е Златна зора со 7,29, ПАСОК со 6,50, Комунистиката партија на Грција со 5,52, Потами освои 3,80 проценти, независни Грци 3,72 и Унијата на центристите освои 3,50 отсто од гласовите.

Близу до надминување на прагот од три проценти за влез во парламентот е и Национално единство.



Доколку резултатите бидат потврдени и по преброени 100 проценти од гласовите, по овие избори во парламентот ќе влезат девет партии што е најголем број од 1955 година кога во грчкиот парламент имало пратеници на 10 партии, додека во мај 2012 година имало осум политички сили.

Според грчкиот изборен закон, првопласираната партија добива дополнителни 50 места во 300-члениот парламент, со што Сириза на Ципрас, според досегашните резултати, освои 144 места.

Ципрас најверојатно ќе добие мандат, по што ќе има три дена да ја состави новата влада на Грција. Со оглед на тоа што не обезбеди мнозиство, се очекува да коалицира со една или две помали партии.
 Според досегашните резултати, на денешните предвремени избори во Грција гласале 54,69 избирачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...