Јахјага ги осуди „одвратните“ активности на опозицијата во Парламентот

Приштина,  8 октомври 2015 (МИА) - Косовската опозиција денеска пушти солзавец во Парламентот за да блокира жестоко оспоруван предлог закон, што предизвика критики од страна на Владата, пренесе ДПА.  

Владата соопшти дека неколку пратеници биле принудени да побараат медицинска помош по насилниот акт од страна на група опозициски пратеници.

Опозицијата во доминантно албанското Косово се обидува да го блокира  законот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство. 

Премиерот Иса Мустафа, кого демонстрантите од опозицијата редовно го гашаат со јајца, доцна синоќа на Фејсбук изјави дека нема да потклекне под притисокот.

Заедницата на српски општини е дел од пошироката спогодба постигната со посредништво на Европската унија, постигната меѓу Србија и нејзината поранешна покраина Косово, со цел да дојде до нормализирање на животот на Балканот. Опозицијата инсистира спогодбата за Заедницата на српски општини да биде повлечена бидејќи, како што тврди, таа го нарушува суверенитетот на Косово.

Во владиното соопштение се осудува насилството на опозициската група од чии активности настрадаа пратениците, кои веќе побарале медицинска помош.

Косовската претседателка Атифете Јахјага ги осуди „одвратните активности“ на опозициските пратеници.

Концептуалните и политички разлики треба да бидат дебатирани со силата на аргументите и парламентарната култура, се вели во соопштението на претседателката Јахјага.

Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели го продолжи заседанието на законодавниот дом повикувајќи ја опозицијата да учествува во дебата за  спогодбата со Србија, „за заедно да ги изразиме нашите резерви или поддршка за бриселската спогодба“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...