ЕУ го осуди насилството во косовскиот Парламент

Приштина, 8 октомври 2015 (МИА) - Канцеларијата на ЕУ, специјалниот претставник на Унијата на Косово, амбасадите и канцелариите на државите членки на ЕУ заеднички го осудија насилството што денеска се случи во косовскиот Парламент, оценувајќи го како неприфатливо, пренесе Танјуг.

„ Ја осудуваме денешната акција на опозицијата во собранието и апелираме до нив да ги почитуваат основните принципи на демократијата и да овозможат слободна и отворена дебата во Парламентот за сите прашања во врска со Косово“, се наведува во заедничкото соопштение на Канцеларијата на ЕУ на Косово, специјалниот претставник на ЕУ и амбасадите, односно канцелариите на државите членки на ЕУ на Косово.

Насилните акции, како денешната во собранието, се за жалење, се наведува во соопштението и се додава дека секој има слобода да го изрази своето мислење и да ја брани својата позиција, но дека употребата на насилство е неприфатлива.

„Тоа не решава ниту еден проблем на Косово, туку само ги зголемува“, истакнуваат официјалните претставници од земјите членки на ЕУ.

Претходно насилството во Парламентот го осудија и Мисијата на ОБСЕ на Косово и американската амбасада во Приштина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...