Турската полиција уапси околу 50 странски приврзаници на ИД

Истанбул, 18 октомври 2015 (МИА) - Турската полиција рано утринава уапси околу 50 странски државјани во Истанбул, под сомнеж дека се приврзаници на групата Исламска држава (ИД), за која се претпоставува дека е одговорна за минатонеделниот бомбашки напад во Анкара, во кој беа убиени 102 лица. 



Претресот е извршен во неколку станови во населбата Пендик, на азискиот дел од Истанбул, но не се соопштува од која националност се приведените.

Уапсените лица се подготвувале да патуваат во Ирак и Сирија и да се придружат кон ИД.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу тврди дека ИД е главно осомничена за самоубиствениот бомбашки напад во Анкара на 10 октомври, кој се смета за најсмртоносен во поновата историја на земјата.

Истовремено, овој напад предизвика голема политичка тензија во Турција пред одржувањето на предвремените избори во државата на 1 ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...