Во Хрватска досега влегле 251.906 бегалци

Во Хрватска до сега влегле 251.906 бегалци, а само во саботата границата ја минале нови 11.500, што е најголемиот број на лица кои во само еден ден влегле во земјата од почетокот на бегалската криза.

Во моментов во привремениот прифатен центар во Опатовац има 1.528 лица, а и натаму се очекува бранот бегалци што пристигнува преку Србија, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.

Најголемиот број бегалци источната граница со Србија ја минуваат на подрачјето на Бапска, каде приливот не се намалува. Штом ја минат хрватската граница, полицијата бегалците и мигрантите со автобуси ги превезува до прифатниот центар во Опатовац, од каде со автобуси или возови одат кон запад и границата со Словенија.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Ранко Остојиќ, во Опатовац изјави дека на 2 ноември првите бегалци ќе бидат сместени во зимскиот транзитен центар, што се гради во Славонски Брод, а може да прими 5.000 лица, пренесе Хина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...