Во напад во Сараево убиени двајца војници на Армијата на БиХ

Двајца војници на Армијата на Босна и Херцеговина се убиени синоќа во Сараево, кога врз нив пукал еден вооружен маж, кој потоа побегнал од местото на нападот.

Убиецот, кој според сараевските медиуми, е идентификуван како Енес Омерагиќ, при нападот ранил уште еден војник.

Лекарите на сараевската служба за Брза помош тврдат дека неговите повреди се од полесна природа и дека тој не се наоѓа во животна опасност.

Идентитетот на тројцата нападнати војници не е соопштен.

Тешкиот инцидент се случил во една спортска обложувалница во сараевската населбата Рајловац. Според очевидци на настанот, вооружениот Омерагиќ веднаш по влегувањето во обложувалницата почнал да пука по припадниците на армиските сили на БиХ.

Излегувајќи од објектот, тој стрелал и врз еден автобус што во тој момент минувале од таму, при што полесно се повредени тројца патници, како се здобиле со исекотини од искршените делови од автобуското стакло.

Омерагиќ потоа побегнал во семејната куќа во населбата Сокољ, каде се забарикадирал.

Припадниците на полицијата и на специјалните сили ги блокирале сите приоди кон населбата и кон куќата во која бил убиецот, по што почнале долги преговори за неговото предавање.

Омерагиќ, меѓутоа, одбиле да се предаде, по што во текот на ноќта се самоубил.

Претставник на полициските сили изјави дека освен него во куќата немало никого.

Нападот врз војниците на БиХ, предизвика вознемиреност и загриженост во јавноста на земјата, која се уште ги лекува раните од граѓанската војна и настојува да обезбеди траен мир и сожителство,

Доцна синоќа во Сараево се одржа вонредна седница на Федералната влада на БиХ, како и состанок на полициските и безбедносните служби на Федерацијата БиХ и на кантонот Сараево, во обид да се откријат мотивите за убиството на војниците и да се квалификува нападот.

Според медиумите во БиХ, засега не се знае дали станува збор за терористички напад или мотивите за нападот имаат криминална природа.

Телевизијата Н1 синоќа објави дека Омерагиќ бил познат како нарко зависник, но претставник на Министерството за внатрешни работи одби да го окарактеризира убиецот, барајќи да се почека крајот на истрагата.

По седницата на федералната Влада беше соопштено дека мотивите засега остануваат непознати, но дека секој напад врз припадниците на Армијата, претставува напад и врз државата Босна и Херцеговина.

Ова е прв вооружен напад врз армиските сили на земјата, а двајцата убиени војници се првите жртви во мирновременски услови во БиХ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...