Атина потврди дека двајца од напаѓачите во Париз поминале низ Грција

Атина, 24 ноември 2015 (МИА) – Грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Тоскас потврди дека двајца од терористите вклучени во нападите во Париз поминале од островот Лерос во октомври, но предупреди приливот на бегалците да не се поврзува со тероризмот.

- Имаше два инциденти за кои соработувавме со француските власти, и кои се идентификувани во рекордно време. Тие поминале преку Лерос во почетокот на октомври и учествувале во терористичките напади во Париз, изјави Тоскас за радиото „ Реал ФМ“ коментирајќи ги информациите дека некои од терористите што ги извршија нападите во Париз поминале низ Грција.

- Французите побараа информации, а ние им дадовме, бидејќи има добра идентификација во Лерос и ја потврдивме таа информација. Но, ние зборуваме за два случаи меѓу 500.000 луѓе кои пристигнаа од почетокот на оваа година, додаде грчкиот функционер.

На новинарско прашање дали Грција има преземено зголемени безбедносни мерки по нападите, Тоскас рече дека идентификација на островите е потемелна и оти е зголемена безбедноста, меѓу другото, околу области и објекти кои масовно се посетуваат, амбасадите на одредени земји и некои компании.

- Имаме преземено засилени мерки во центрите за идентификација на островите каде се спроведуваат повеќе проверки и се обидуваме да ги подобриме. Секогаш има простор за подобрување, рече Тоскас и доаде дека има и соработка со други земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...