Турцијан не сака ескалација на тензијата со Русија

Истанбул, 25 ноември 2015 (МИА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека неговата земја не сака ескалација на тензиите во односите со Русија поради соборувањето на рускиот авион, но истакна дека секогаш ќе ги брани турските граници. 

- Немаме намера да провоцираме ескалација на тензиите за овој инцидент. Ние само ја браниме нашата безбедност и правото на нашите браќа, потенцира Ердоган во Истанбул, пренесуваат турските медиуми. 

Тој сепак додаде дека никој не може да очекува од Турција да молчи кога ќе дојде до повреда на нејзините граници. 

Турскиот претседател рече дека турските ловци пукале на рускиот воен авион додека тој се наоѓал во турскиот воздушен простор, но тој паднал на територијата на Сирија, иако некои делови паднале во Турција и повредиле двајца турски државјани. 

Турција вчера наутро собори руски воен авион на границата со Сирија бидејќи, како што тврди турската војска, го нарушил воздушниот простор на Турција, иако неколку пати бил опоменат, додека руското Министерство за одбрана истакнува деќа рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор, туку бил во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...