САД бараат засилена борба против верскиот радикализам на Балканот Загреб, 25 ноември 2015 (МИА) - САД се заинтересирани за зајакнување на државните институции во борбата против верскиот радикализам во регионот на југоисточна Европа, тврди загребскиот весник „Јутарњи лист“.
Според весникот, тој процес првенствено би се однесувал на зајакнување на полициските и разузнавачките капацитети на државите во регионот и на засилување на позициите на легитимните верски заедници, пред се во Босна и Херцегодина, Србија и Македонија.
Според соговорник на весникот, како пример би требало да послужи т.н. „хрватски модел на меѓуцивилизациски дијалог и односи со верските заедници“, пред се на односот меѓу Хрватска и Исламската заедница, кој би требало да го следат и другите земји во односот кон нивните исламски заедници.
„Јутарњи лист“ нагласува дека во САД загриженост предизвикуваат одредени радикални струи што постојат во исламските заедници во БиХ, во Србија, пред се во Санџак, но и во Македонија.
Според разузнавачки податоци, Санџак е главниот центар за регутација на борци кои заминуваат да се борат во редовите на џихадистичката група Исламска држава во Сирија и Ирак, наведува „Јутарњи лист“, додавајќи дека токму во Ислмската заедница во Санџак има најмногу радиклани имами кои повикуваат на борба против придобивките на западната цилизација.
Според весникот, во ваквиот план на САД, Хрватска би требало да има посебна улога, како нивни „најдоверлив сојузник во овој дел на Европа“, со задача да ја следи сстојбата со радикалниот ислам во регионот, а пред се во БиХ.
- Храатска има значителен придонес во борбата против тероризмот, иако тој често не се гледа, а тоа од земјата се очекува и во иднина, наведува „Јутарњи лист“.
|