Дамаск: Турција ја зголеми доставата на оружје за терористите

Дамаск, 28 ноември 2015 (МИА) - Сириските власти денеска ја обвинија Турција дека ја зголемила доставата на оружје, муниција и опрема за „терористите во Сирија“. 

Според Дамаск, оружјето било скриено во пакети, за кои турските власти тврделе дека содржат хуманитрана помош.

Како што јави ТАСС, сирискиот бригаден генерал Али Мајхуб изјави дека Турција им доставува оружје на терористите во замена за нафта по пониски цени и за антиквитети украдени во Сирија и Ирак.

Во исто време, сириската армија соопшти дека нејзини војници синоќа биле изложени на минифрлачки оган од територијата на Турција.

Сириските власти со терминот „терористи“ ги именуваат сите вооржени групи во земјата што се борат против владините сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...