Меркел: Договор со Турција ќе внесе ред во миграцискиот поток

Брисел, 29 ноември 2015 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека договор меѓу ЕУ и Турција ќе помогне миграцискиот поток да биде ставен во правна рамка, наместо неконтролираниот прилив во моментот.

- Основен дел од тој план за дејствие меѓу ЕУ и Турција ќе биде како можеме да ја замениме илегалната миграција со легална миграција, како можеме да ја подобриме положбата на бегалците внатре во Турција, рече Меркел.

Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер исто така говореше пред средбата, истакнувајќи дека ЕУ треба да постигне договор со Турција за разрешување на имигациската криза.

- Само ние заедно ќе можеме да ги запреме миграциските потоци. Ни треба договор со Турција, рече Јункер.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека никаков договор со Турција нема да е доволен, за да Европа се справи со најтешката имиграциона криза по Втората светска војна, ако Унијата не ги контролира строго надворешните граници.

- Без контрола на надворешните граници, Шенген ќе стане историја, рече Туск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...