Уапсените во Дечани се вооружени исламисти

Приштина, 2 февруари 2016 (МИА) - Косовскиот вицепремиер Бранимир Стојановиќ рече дека четворицата уапсени пред манастирот Високи Дечани, биле „вооружени исламисти“, најверојатно членови на добро организирана група, пишува весникот „Коха диторе“.

Стојановиќ во соопштението ги повика безбедносните институции, вклучувајќи го и КФОР, да ги зголемат безбедносните мерки во близина на српските православни објекти, пренесува Танјуг.

Од друга страна, портпаролот на косовската Влада, Арбан Абраси, истакна дека тоа не е официјален став на косовската Влада, пренесува „Коха диторе“.

Според него, почетните показатели укажуваат на тоа дека станува збор за случај на послаби криминални активности, кои, како што нагласи, не е поврзано со потенцијален терористички напад.

Косовската полиција негираше вчера дека уапсила четири лица пред главната капија на манастирот Високи Дечани, поради поврзаност со тероризам или каков било обид за напад на тој манастир.

Портпаролот на полицијата Баки Кељани рече дека полицијата уапсила четири лица поради илегално поседување оружје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...