Во Хрватска исчезнуваат се поголем број деца бегалци

Загреб, 4 февруари 2016 (МИА) - Група експерти на Советот на Европа за сузбивање на трговијата со луѓе го објави најновиот извештај за Хрватска во кој изрази загриженост за се поголемиот број исчезнати деца меѓу бегалците и ги повика властите во Загреб да преземат мерки за спречување на таквите  случаи.

Весникот „Јутарњи лист“ пишува дека оваа порака на официјален Загреб му ја испратил и Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа.

Групата експерти на СЕ за сузбивање на трговијата со луѓе во истиот извештај поздрави некои од мерките што се преземаат, како усвојување на законот за оспособување на вработените, кревање на свеста во училиштата за трговијата со луѓе, како и националната стратегија за сузбивање на сиромаштијата и социјалната исклучивост.

Но, групата експерти, попозната како ГРЕТА, предупредува и на некои прашања за чие решение треба дополнителен напор.

- Со оглед на неодамнешните извештаи за исчезнување на голем број деца бегалци без придружба, идентификацијата на децата кои се жртви на трговијата со луѓе стана приоритет за цела Европа, рече Јагланд.

Меѓу проблемите во Хрватска, кои ги идентификува групата експерти на СЕ и кои се опфатени во последниот извештај, треба да се идентификуват можните жртви меѓу се поголемиот број нерегуларни мигранти, баратели на азил и малолетници без придружба.

Во извештајот се изразува загриженост за се почестите исчезнувања на деца од бегалските центри и притоа Хрватска се повикува да стори поголем напор за да ги спречи таквите инциденти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...