Што прави Грција за да ја зачува својата позиција во Шенген зоната

Атина, 5 февруари 2016 (МИА) - Пратеничката на грчката опозициска Нова демократија и поранешна министерка за надворешни работи Дора Бакојани испрати прашање до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во врска со „помошта на Европската комисија за зајакнување на македонската граница со цел намалување на приливот на бегалци кон Европа“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Бакојани во писменото прашање до Коѕиас се повикува на „извештаи“ од Брисел според кои „Европската комисија ќе ја зајакнува инфраструктурата на македонската граница за да се забави приливот на бегалци во Централна и Северна Европа“.

- Планот се однесува на изградба на соодветни објекти на територијата на Македонија, далеку од грчката граница. За реализација на конкретните проекти, се промовира идеја за користење на фондови на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, пишува Бакојани и прашува дали грчката Влада знае за овие планови и кои чекори ќе ги преземе официјална Атина за да се зачува позицијата на Грција во Шенген зоната.

Според Бакојани, која е одоговорна за надворешна политика во Нова демократија „ако сето ова се случи, тоа ќе значи дека држава која не е членка на ЕУ ќе има привилегиран третман и ќе биде потег без преседан кон Грција... кој драматично ќе ја деградира позицијата на Грција во рамките на Шенген зоната“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...