Косовските партиски лидери не постигнаа договор за излез од кризата

Приштина, 8 февруари 2016 (МИА) - Денешната средба на косовската претседателка Атифете Јахјага со лидерите на водечките партии во Косово заврши без да биде постигнат конкретен договор за излез од политичката криза, јавија приштинските медиуми.

- Не постои криза што може да се реши со насилство, солзавци или молотови коктели, изјави косовскиот премиер и лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа по завршувањето на средбата.

Тој оцени дека политичката криза мора да се реши единствено низ дилајог во косовското Собрание, додавајќи дека разговорите се „средство со кое се проширува суверенитетот на целата територија на Косово“.

Политичката криза во Косово ескалираше откако трите водечки опозициски партии започнаа протести со цел да го спречат формирањето на Заедницата на српски општини, која според нив ќе „наликува на Република Српска во БиХ“.

Мустафа ги отфрли ваквите тврдења, нагласувајќи дека Заедницата на српските општини ќе биде формирана во согласност со законите и Уставот на Косово.

Како што јави Танјуг, освен Мустафа на средбата со Јахјага присуствуваа и шефот косовската дипломатија и прв човек на Демократската партија на Косово (ПДК), Хашим Тачи, како и лидерите на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, претседателот на Српската листа (СЛ), Славко Симиќ и челникот на Демократската партија на Турците на Косово (КДТП), Махир Јагџлар.  

Во својство на набљудувачи на средбата присуствуваа и шефот на Канцеларијата на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар и американскиот амбасадор во Косово, Грег Делавие.

Според косовската опозиција единствен излез од кризата е одржување на предвремени парламентарни избори. Трите водечки опозициски партии во Косово му дадоа рок на премиерот Мустафа до 17 февруари да поднесе оставка и да закаже предвремени избори и се заканија дека доколку тоа не се случи, секој ден ќе одржуваат протести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...