Ердоган се заканувал со преплавување на Европа со бегалци

Брисел, 9 февруари 2016 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во текот на ноември минатата година се заканил дека „ќе ја преплави Европа со бегалци“, доколку европските лидери не му доделат повеќе средства за справување со бегалсаката криза, тврди грчкиот инфромативен сајт Euro2day.gr.



Како што пренесува ТАСС, сајтот, кој е специјализиран за финансиски вести, објави делови од стенограми од средба на Ердоган со претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, која се одржала лани во ноември. Иако во стенограмите не е точно прецизиранао кога и каде се случила средбата, сајтот наведува дека тоа најверојатно било на 16 ноември во Анталија на маргините на Самитот на Г-20.

Според Euro2day.gr, од стенограмите е видливо дека средбата била тензична и дека на неа имало „длабока взаемна недоверба“ меѓу турскиот претседател и европските претставници.

- Можам да ги отворам вратите кон Грција и Бугарија во секое време и можам да ги качам бегалците на автобуси... Ако не ни дадате три милијарди евра за две години, тогаш нема смисол да разговараме. Грција доби 400 милиони евра за време на кризата, Требаше да задржиме дел од тие пери и да ги искористиме за создавање на безбедносна зона во Сирија, со што ќе го решевме проблемот со бегалците, наводно рекол Ердоган на средбата.

Според стенограмите, Ердоган нагласил дека ЕУ ќе треба да се справува со по 10 до 15 илјади бегалци и ги прашал Туск и Јункер како мислат да се соочат со тоа. - Дали ЕУ ќе ги убие бегалците за да се справи со кризата, прашал Ердоган.

Турскиот претседател во разговорите се осврнал и на ноемвриските напади во Париз, оценувајќи дека тие се последица на сиромаштијата и социјалната изолираност. - Тие луѓе се необразовани и Европа секогаш ќе ги смета за терористи, рекол наводно Ердоган. 

Тој натаму нагласил дека Турција се бори против групата Исламска држава, против (партијата на сириските Курди) Демократската унија и против сите“.

На средбата станало збор и за извештајот на Европската комисија за напредокот на Турција на патот кон ЕУ, при што Ердоган изразил незадоволство од неговата содржина, оценувајќи го како „скандалозен“.

- Кој го напишал тој извештај? Како воопшто сте можеле да напишете нешто такво? Мнозинството од Турците не сакаат Турција да биде дел од ЕУ, зошто вие пишувате вакви извештаи, им рекол Ердоган на европските претставници.

Во извештајот за напредокот, објавен на почетокот на ноември минатата година, беше наведено дека Турција лани успорила во спроведувањето на реформите и дека е ограничен нејзиниот напредок во борбата против корупцијата и во гарантирањето на независноста на судството и слободата на медиумите.

Сајтот наведува дека во текот на разговорите Ердоган често им упаѓал во збор на Туск и на Јункер и бил видливо лут. Тој нагласил дека ЕУ ја разочарала Турција, а Јункер го обвинил дека не манифестира доволна почит кон него, нагласувајќи дека тој како поранешен премиер на малиот Луксембург, треба да покаже поголема почит кон 80-милионската Турција.

- Луксембург е колку еден мал град во Турција, му порачал Ердоган на Јункер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...