Екс-гувернерот на албанската Централна банка го тужи Парламентот

Тирана, 11 февруари 2016 (МИА) - Поранешниот гувернер на Централна банка на Албанија, Адријан Фулани поднесе тужба против албанскиот Парламент и против институцијата со која раководеше, поради, како што тврди, неговото „неправедно разрешување од функцијата“.

Како што јави дописникот на МИА, поранешниот гувернер на централната банка тужбата ја доставил до Управниот суд на Албанија.

- Не барам компензација за времето кое неправедно го минав во затвор. Тужбата ја поднесувам поради неправедното разрешување од функцијата гувернер на Централна банка на Албанија, изјави Фулани.

Фулани беше уапсен на 5 септември 2014 година под обвинение за злоупотреба на службената положба. Апсењето следеше пет недели откако вработен во Банката призна дека од трезорот украл 713 милиони леки (6,6 милиони долари) во банкноти повлечени од оптек.

Откако првично беше притворен, на Фулани по десет дена му беше изрешена мерка домашен притвор.

Тој уште од самиот почеток ги отфрлаше обвинувањата, а неговиот адвокат обвини дека станува збор за политички мотивиран процес.

По две судски рочишта во период од два месеца Основниот суд во Тирана го прогласи Фулани за невин, а ваквата прсуда на 23 декември минатата година ја потврди и Апелацискиот суд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...