НАТО презема итна операција против илегалната миграција

Брисел, 11 февруари 2016 (МИА) - НАТО презема итна операција против илегалната миграција и активностите на шверцерите на луѓе во Егејското Море, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. 

Говорејќи на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, Столтенберг нагласи дека ваквата мисија се презема на барање на Германија, Грција и Турција. 

- Бродовите на грчката и турската Воена морнарица нема да влегуваат во територијалните води на другата држава, рече Столтенберг. 

Тој нагласи дека во моментов во Егејското Море се наоѓаат неколку бродови на НАТО под германска команда, кои уште денеска добиле наредба да ги заземат предвидените позиции.

- Нивна првостепена задача ќе биде да прибираат разузнавачки информации, посочи Столтенберг.

Првиот човек на НАТО истакна дека на овој начин Алисјаната се приклучува кон меѓународните напори за справување со имигрантската криза.

- Поморските тимови на НАТО тесно ќе соработуваат со националните власти, како и со европската погранична служба Фронтекс, додаде Столтенберг.

Одлуката за отпочнување на мисијата на НАТО во Егејското Море е донесена на денешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата во Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...