Израел и Турција почнаа нов круг преговори за нормализирање на билатералните односи

Анкара, 11 февруари 2016 (МИА) - Турција и Израел денеска почнале нов круг преговори во обид да ги нормализираат билатералните односи, кои се во криза од 2010 година, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на турската телевизија НТВ.

Преговорите, зад затворени врати, почнале синоќа во Женева, а ги водат турскиот заменик министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу, додека на другата страна се наоѓаат израелскиот советник за безбедносни прашања, Јакоп Нагел, и советникот на израелскиот премиер, Јозеф Циханове, прецизира НТВ.

На прашањата на телевизијата НТВ израелските претставници не дале никаков коментар, додека турското Министерство за надворешни работи, исто така, одбило да ја потврди или демантира информацијата.

Односите меѓу двете земји драматично се влошија во мај 2010 година, по упадот на израелските командоси на турскиот брод „Мави Мармара“ што носеше хуманитарна помош за Газа., кога беа убиени десет турски државјани.

По неколкуте години на драстично заладување на односите, што беше потхранувано со острите антиизраелски изјави на сегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган, настапи затоплување во односите и тоа го овозможи органиизрањето на првичните разговори, во декември, во Швајцарија, забележуваат француските медиуми.

Турција постави три услови за нормализирање на односите: јавно извинување за инцидентот од 2010 година, исплаќање отштета за семејствата на жртвите и кревање на израелската блокада на појасот Газа.

Израел се извини и се чини дека е прифатен принципот за исплаќање отштета, но позициите на двете земји остануваат непомирливи за прашањето на блокадата на Појасот Газа.

Иако не го потврди новиот круг преговори во Женева, портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) денеска посочи дека разговорите „врват добро“. Тој ја подвлече важноста на тоа Израел да ги задоволи сите турски барања.

- Деталите се многу важни, рече тој пред новинарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...