Н-ТВ: Низ Балканот се готви нова бегалска рута

Подгорица, 2 март 2016 (МИА) - Низ Балканот се подготвува нова рута по која би можеле да се движат бегалците кои бараат спас во Европа, објави германската телевизија Н-ТВ. 

Според телевизијата, бегалците од Грција би можеле да тргнат кон Албанија и потоа преку Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска да се упатат кон Западна Европа.

Ваквите најави доаѓаат во време кога во местото Идомени на грчко-македонската граница речиси 10.000 бегалци чекаат од Грција да влезат во Македонија.

Како што пренесува Танјуг, албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати пред три дена соопшти дека Албанија нема да „подига ѕидови“ во случај ако бегалците и имигрантите почнат да ја користат нејзината територија како транзит кон земјите во ЕУ. 

Претходно, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија нема да дозволи да биде нова рута за бегалци на патот кон Европа, поради тоа што нема „ниту услови, ниту сила, ниту ентузијазам да го спасува светот, додека другите ги затвораат своите граници“.

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ пак најави дека Црна Гора ќе мора да ги затвори своите граници за имигрантите, доколку тоа го  направат и земјите членки на ЕУ. 

- Црна Гора ќе мора да ги затвори своите граници, доколу Македонија ја затвори границата со Грција, и ако гранични рестрикции воведат Унгарија и Австрија, рече Ѓукановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...