ЕУ: Грција не успеа да ги менаџира надворешните граници

Брисел, 15 март 2016 (МИА) - Европската комисија (ЕК) денеска ја посочи Грција дека не успева да ги менаџира надворешните граници, посебно во делот со Република Македонија, по вчерашниот инцидент со нелегалниот премин на македонска територија на повеќе од илјада мигранти во делот кај местото Идомени, јави дописникот на МИА од Брисел.

Портпаролката на ЕК Мина Андреева, во однос на уапсените странски новинари што нелегално преминаа од Грција во Македонија со мигрантите во текот на вчерашниот ден, исто така посочи дека македонските национални авторитети треба тука да си ја завршат работата и да обезбедат почитување на законите и границите да не се преминуваат нелегално.

Европската унија, според портпаролката Андреева инсистира да се продолжи да се испраќаат пораки до бегалците во Идомени дека се прават напори тие да бидат релоцирани и дека се прават места за нивен прием за тие да не искусуваат опасносности на нерегуларните патишта.

- Сите ги видовме трагичните слики и консеквенци од давење во река во ПЈР Македонија. Ние ги осудуваме овие смртни настани и бараме да се направи се што е можно за да се редуцира ризикот од слични инциденти. Сакам да потсетам дека во последната изјава на шефовите на држави на земјите-члени на ЕУ во понеделникот каде тие ја повикуваат Грција да работи на менаџирање на надворешните граници, вклучително и на таа со ПЈР Македонија и Албанија. Во овој поглед, ситуацијата се уште не е задоволувачка, истакна Мина Андреева.

Во однос на апсењето на голем број новинари од страна на македонската полиција, поради тоа што тие вчера ја минаа нелегално грчко-македонската граница заедно со мигрантите, гласноговорничката на ЕК посочи дека тие се денеска ослободени, но притоа им оддаде право на македонските власти во овој случај да ги бранат законите на земјата.

- За новинарите, можам само да кажам дека ние слушнавме за инцидентот вчера и разбравме дека во меѓувреме новинарите се ослободени. Како што знаете, Комисијата секогаш ја поддржува работата на новинарите на терен, но исто така би сакала да повторам дека менаџирањето на границата е најважно и националните власти тука треба да си ја завршат работата и да обезбедат почитување на законите и границите за тие да не се преминуваат нелегално, децидна е портпаролката на ЕК Андреева.

Во име на ЕК, Андреева ја истакна поддршката на официјален Брисел кон грчките власти во подобрување на хуманитарната ситуација на теренот и за тоа да се обезбеди не многу луѓе да остануваат во Идомени. Според гласноговорничката на Европската комисија, ова ќе се постигне со забрзување и повик до земјите-членки на Унијата за да започне релоцирање на што повеќе бегалци, како и да започне транспорт од страна на грчките власти и тие да понудат сместување во области каде има подобри услови.

- Ние за тоа финансираме и помагаме. Грција мора да направи многу за да ги обезбеди надворешните граници на ЕУ и ќе потсетам дека во овој случај ситуацијата не е задоволувачка. Затоа ние нудиме поддршка, како и Фронтекс, но потребно е многу работа. Сепак, ние не ја оставаме Грција сама, бидејќи како што кажа и претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, грчките граници се надворешни европски граници и не ја оставаме земјата сама, додаде Андреева.

Во однос на враќањето на 700 лица од мигрантите што вчера ја преминаа грчко-македонската граница од страна на Република Македонија во Грција, портпаролката на ЕК посочи дека за тоа нема правна анализа на Брисел, но потсети на договорот на шефовите на ЕУ-државите за ставање крај на политиката на префрлување на мигрантии почитување на граничниот код на Шенген-зоната.

- Познати се правилата кој може да влезе во една земја, а кој не и не можам да навлегувам во повеќе правни детали на ова, додаде гласноговорничката на Европската комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...