Добиените информации од Иванов ги предадов на ДАНС

Софија, 25 март 2016 (МИА) - Добиените податоци од македонскиот претседател Ѓорге Иванов за новите мигрантски рути ги предадов на службите, изјави денеска во Парламентот во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува БГНЕС.

- Тоа што пред неколку дена претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ме замоли, јас го пренесов на средбата на Европскиот совет. Нивните служби ги добија новите рути, како и за една организација. Сето тоа е доставено на државната агенција „Национална сигурност“ ДАНС, на МВР и соодветно на самитот на министрите за внатрешни работи во Брисел , рече премиерот Борисов.

Тој нагласи дека за разлика од Грција, која доби стотици милиони и ништо нема направно, Македонија создала хумани услови за мигрантите на нејзина територија.

- Неколку месеци со ред грчката Влада не презема мерки. Во Грција моментално не можат да покажат како завршено ништо реално, условите таму за бегалците се ужасни, изјави Борисов.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за БГНЕС денеска изјави дека неодамна лично го информирал Бојко Борисов за новите мигрантски рути.

- По затворањето на западно-балканската рута, веднаш се појавија информации и мапи на арапски јазик, каде Бугарија е посочена како коридор низ кој мигрантите ќе можат да транзитираат до Србија... Тие карти ги дадовме лично на Бојко Борисов, изјави македонскиот претседател.

Во деншното излагање пред бугарското Собрание, Борисов изјави дека моментално притисокот на бугарско-турската граница е помал и дека очекува проблемот да дојде од бугарско-грчката граница, која е незаштитена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...