Давутоглу: Принципот на секуларизам ќе биде присутен во новиот устав на Турција

Анкара, 27 април 2016 (МИА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави денеска дека новиот Устав на Турција ќе ги задржи принципите на секуларизмот во државата.

- Карактерот на Турција како секуларна и демократска држава, не се предмет за кој може да се дебатира, рече Давутоглу на едно предавање во Анкара.

Неговата изјава претставува реакција на вчерашната изјава на Спикерот на турскиот Парламент и виок функционер на владечаката партија на Правдата и развојот (АКП) Исмаил Кахраман кој побара новиот Устав да има исламски карактер.

„Турција е муслиманска земја и затоа треба да има верски устав„- рекол Кахриман во една дебата за идниот турски Устав.

Турција е членка на НАТО од 1952 година и претендира да биде дел од Европската Унија.На неа традиционално се гледа како на земја-модел за секуларна демократија во исламскиот свет.

Опозицискит партии и секуларистите ја обвинуваат владата и АК партијата дека настојуваат да го поткопаат и разурнат секуларниот карактаре на државата.

Кемал Киличдароглу , еден од лидерите на турската опозиција го обвини Кахаман дека тој и владејачката партија настојуваат да ја направат „религијата инструмент на политиката“ во Турција, предупредувајќи дека токму таквата определба е причината за сегашниот хаос на Блискиот Исток

Опозицијата обвинува дека целата постапка околу менувањето на Уставот е покрената за да му се дадат уште повеќе овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган, со што би се изменил системот на управување во државата од парламентарна демократија, во претседателски систем.

Уште од дваесетите години на 20 век, Уставот ја декларира Турција како секуларна земја, во која религијата (исламот) е одделена од државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...