Белград, 26 мај 2016 (МИА) - Летот на „Туркиш Ерлајнс“ на линијата Истанбул - Лондон денеска е пренасочен во Србија и слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград откако во авионот е пронајден мобилен телефон чиј сопственик е непознат.
- Неопходните безбедносни контроли се во тек, соопшти турската авиокомпанија.
Како што наведуваат од авиокомпанијата, се работи за авион од типот „Боинг 777/300ЕР“, со 300 патници на летот ТК1979.