Петров: Карамарко повеќе не може да биде член на Владата

Загреб, 26 мај 2016 (МИА) - Хравтскиот вицепремиер и лидер на блокот Мост на независни листи (Мост), Божо Петров изјави дека првиот човек на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко повеќе не може да биде член на Владата на Хравтска и нејзин прв потпретседател.

- На телефонска седница в петок Владата ќе се изјасни по барањето на група пратеници за смена на Томислав Карамарко. Министрите од Мост ќе го поддржат предлогот за негово разрешување, изјави денеска Петров за весникот „Јутарњи Лист“.  

Петров изјави дека раководството на Мост ја донело ова одлука уште во понеделникот и за тоа го известил Карамарко, по што, како што рече, му бил даден рок од 48 часа самиот да поднесе оставка.

- Мост во Саборот нема да го поддржи првиот потпретседател. Ако тој самиот не поднесе оставка пратениците на Мост ќе гласаат за негово разрешување, истакна Петров.

Иницијативата за смена на Карамарко ја покрена опозициската Социјалдемократска партија (СДП). Доколу партениците на Мост ја поддржата оваа иницијатива, опозицијата ќе обезбеди доволен број гласови за разрешување на Карамарко. 

Хрватските медиуми оценуваат дека разршеувањето на Карамарко со поддршка на Мост ќе го одведе во прашање опстојувањето на владината коалиција што ја сочинуваат оваа партија и блокот предводен од ХДЗ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...