ЕУ. Турција остварува напредок во критериумите за визната либерализација

Брисел, 30 мај 2016 (МИА)  - Европската Унија денеска соопшти дека Турција остварува напредок во исполнувањето на критериумите за визна либерализација.

Во соопштението на официјален Брисел се наведува дека е остварен напредок во три од петте спорни подрачја, но и дека антитерористичкиот закон и техничките стандарди за биометриски пасоши и натаму претставуваат камен на сопнување, пренесоа американските медиуми.

Официјална Анкара мора да исполни 72 критериуми за ЕУ да и ги укине визите, но турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одбива да дозволи измени во антитерористичкиот закон, што претставува еден од условите.

Визната либерализација е дел од договорот што ЕУ и го понуди на Турција за оваа земја да го запре приливот на мигранти во Европа. Ердоган, меѓутоа, предупредува дека овој договор може да биде поништен доколку Европа не ги укине визите за Турција.

Турскиот заменик премиер Нуман Куртулмус изјави дека, со цел да се поттикне напредокот во преговорите, „одлучено е турскиот министер за европски интеграции во следните неколку дена да отпатува на разговори во Брисел“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...