Додик: Србија треба да застане покрај Република Српска во сите околности

Белград, 31 мај 2016 (МИА) - Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денеска дека Република Српска никогаш не била лишена од опасноста да исчезне, дека тоа и сега е случај, но дека тој има доверба во Србија, односно во премиерот Александар Вучиќ и претседателот на Србија Томислав Николиќ. 

Додик истакна дека ја пренел загриженоста на Вучиќ и дека од Србија очекува да застане покрај РС. 



- Мислам дека Република Српска никогаш не била лишена од опасноста да исчезне, а денес  очигледно е изразено време во кое таа опасност постои. Доаѓам од состанокот со Вучиќ и нему му ја изразив загриженоста и јасно му кажав дека очекувам Србија да застане покрај Република Српска во сите околности, објасни Додик на собирот посветен на ситуацијата во регионот во организација на Центарот за развој на меѓународната соработка. 

Претседателот на РС исто така нагласи дека е се повеќе загрижен поради тоа што Европа пробува, како што наведе тој,  да го спаси социјалниот или некаков друг мир, со договорот со Турција која со години се вклучува во внатрешните прашања на БиХ и тоа исклучиво на  страна на Бошњаците. 

Тој изјави и дека единствен излез за БиХ е враќањето кон Дејтонските рамки, како и дека без регионален договор за нормализација нема ништо да се направи. 

Според неговите зборови, странците тука доаѓаат само поради нивните кариери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...