Американски суд ја одби тужбата на Турција против Фетулах Ѓулен

Филделфија, 1  јули 2016 (МИА) - Окружниот суд во Скрентон во американсакта сојузна држава Пенсилванија, се прогласи за ненадлежен и ја одби тужбата на Турција против муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој е жесток противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ѓулен, некогашен близок соработник на Ердоган, денес живее во своеволен егзил во Пенсилванија. Пред извесно време, тој беше обвинет дека ги инструментализирал своите следбеници во турската полиција и во судството со цел пресметка со соперничката група Тахшије, која се поврзува со Ал Каеда. 

Сепак, Судот ја отфрли тужбата со образложение дека судска постапка за дело сторено во Турција, не може да биде водена во САД, посочи адвокатот Роберт Амстердам, кој беше ангажиран од турската Влада како тужител.

- Целиот процес е политички мотивиран напад, режиран од Ердоган. Единствено што Ѓулен стори, е тоа што јавно ја обвини власта на Ердоган за корупција и авторитарност, оцени Мајкл Милер, адвокатот на Ѓулен. 

Ѓулен во 2013 година иницираше истраги за корупција против луѓе кои се блиски соработници на претседателот. За тоа, заедно со уште 68 други лица, тој беше обвинети од страна на турската држава за тероризам, за „насилен обид за уривање на турската република“ и за „политичка шпионажа“.

Ѓулен ги негира сите овие обвиненија.

На почетокот на оваа година, турското Министерство за надворешни работи побара екстрадиција на Ѓулен, заради судскиот процес против него, кој треба да отпочне во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...