Ердоган повторно ги критикуваше европските лидери

Берлин, 26 јули 2016 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервју за германската државна телевизија АРД ги обвини европските лидери за неискреност, потенцирајќи дека смртната казна е желба на турскиот народ.

Тој посочи и дека Европската унија и дала на Турција само два милиона евра од ветените три милијарди за справување со бегалската криза.

- ЕУ исто така не го исполни ветеното за укинување на визите за турските граѓани, посочи Ердоган.

Тој зборувајќи за владините планови за повторно воведување на смртната казна наведе дека тоа е волја на турските граѓани и оти таква казна постои секаде со исклучок во Европа.

- Ако сме во една демократска и правна држава тогаш луѓето одлучуваат. А што денес кажува народот? Тој сака смртната казна повторно да биоде воведена. Европа е единственото место каде нема смртни пресуди, истакна Ердоган.

Во исто време портпаролот на Европската комисија. Маргаритис Схинас го демантираше Ердоган наведувајќи дека ЕУ се придржува до преземените обврски од Договорот со Турција.

- ЕУ се придржува до ветувањата и спротивните тврдења се лажни. Околу 740 милиони евра веќе и се дадени на Турција како помош за бегалците, а до крајот на месецот се очекува сумата да порасне до 2,1 милијарди евра, потенцира Схинас.

Тој додаде дека парите се „за бегалците и за тие што ги прафаќаат, а не за Турција и Владата“.

- ЕК очекува соработката за бегалците и миграцијата со Турција да продолжи, наведе Схинас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...