Врховниот суд на Хрватска го врати на почеток предметот на Бранимир Главаш

Загреб, 28 јули 2016 (МИА) - Врховниот суд на Хрватска денеска одлучи да ја укине пресудата и да го врати на почеток судењето на Бранимир Главаш, со која тој беше осуден на осумгодишна затворска казна поради воени злосторства врз српски цивили, јавија хрватските медиуми. 

Станува збор за случаите „Гаража“ и „Селотејп“ од 1991 година.

Претставници на државното обвинителство побараа построга казна за шестмината осудени, тврдејќи дека судот при одредување на казната не ги земал предвид сите околности. 

Според првостепената пресуда, утврдено е дека Бранимир Главаш бил на врвот на синџирот на командување, прво како неформален, а потоа и како формален заповедник и дека токму тој ги одредувал критериумите за избор и стигматизација на жртвите. 

Одбраната, меѓутоа, тврдела дека во постапката дошло до низа повреди на кривичната постапка и законите, и дека со тоа дошло до погрешна правна квалификација на злостроствата, поради што барале укинување на пресудата и ново судење пред нов суд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...