Бугарскиот Парламент усвои нов закон за борба против тероризмот

Софија, 28 јули 2016 (МИА) - Бугарскиот Парламент денеска го усвои новиот закон за борба против тероризмот, што на владата и дозволува да ги ограничи граѓанските права за време на вонредна состојба, што ја навестува растечката загриженост по повод заканата на исламските екстремисти, јавуваат британските медиуми.

Законските измени, што се усвоени во прво читање, мораат да бидат уште еднаш одобрени, ќе овозможат проширени постапки што полицијата и безбедносните служби ќе можат да ги сторат во случај на терористички напад.

Новиот бугарски закон на полицијата и овозможува пристап до приватната сопственост во текот на антитерористичките операции и и дава право, во случај на потреба, да употреби автомобили на граѓаните.

Полицијата, исто така, ќе има овластувања да го ограничи движењето на луѓето, да им го спречи пристапот до интернет или да им заплени документи на осомничените за подговтвување терористички акт.

Покрај тоа, на властите ќе им биде дозволено собраните податоци за лична комуникација да го задржи до три години, место досегашните шест месеци.

Државната агенција за национална безбедност ќе биде овластена да испраќа тајни агенти за спречување на осомничените во  подготовка или изведување на терористички напади.

Бугарските Вооружени сили ќе можат да интервенираат кога ќе се детектира закана или во случај на терористички напад, додека институциите како што се училиштата ќе бидат задолжени да развиваат и применат антитерористички мерки.

Неодамнешните напади во Европа ги засилија стравувањата дека цел на напади може да биде и Бугарија, наведуваат британските медиуми, потсетувајќи дека неколку источноевропски земји, меѓу кои Полска и Унгарија, веќе усвоија антитерористички закони, а слични мерки усвои и Романија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...