Чавушоглу: ЕУ најдоцна до октомври да ги исполни обврските од договорот за миграција

Атина, 30 авуст 2016 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за „Катимерини“ ја предупреди ЕУ дека ако на турските граѓани најдоцна до октомври не им се дозволи без визи да патуваат во Европа, тогаш Анкара нема да продолжи со спроведување на договорот од март за запирање на приливот на мигранти во Европа.

- И покрај фактот што илегалната миграција преку Егејското Море сега е под контрола, ние не гледаме дека ЕУ е заинтересирана за исполнување на своите ветувања, рече тој, инсистирајќи на тоа дека Турција не може да продолжи да ја спречува илегалната миграција кон ЕУ, ако другата страна не ги исполни своите обврски.

- Очекуваме визна либерализација за турските граѓани најдоцна во октомври 2016 година, истакна Чавушоглу, кој вчера беше во неофицијална посета на Крит и се сретна со неговиот грчки колега Никос Коѕиас со кого нагласија дека има голем потенцијал за понатамошно развивање на грчко-турските односи.

Визната либерализација е еден од условите кои Турција ги постави за да се склучи договорот со ЕУ кој беше критикуван од страна на групите за човекови права, за да се спречи приливот на мигранти во Европа, чија бројка минатата одина достигна повеќе од еден милион.

- Ние го исполнивме нашиот дел во оваа соработка ... Спречивме загуби на нови животи и го уништивме шверцот со мигранти, рече турскиот дипломат.

ЕУ го пропушти рокот на крајот од јуни за воведување безвизен режим за Турците, нагласувајќи дека не се исполнети сите 72 предуслови кои ги постави Брисел за визна либерализација. ЕУ, исто така, побара Анкара да го преразгледа својот закон против тероризам. Анкара одби со образложение дека тој е од клучно значење во борбата против Исламската држава и курдските милитанти.

И покрај тензиите со ЕУ, Чавушоглу ги повтори амбициите на Турција да стане полноправна членка на Европската унија.

- Ние ќе продолжиме да се придржуваме до нашите обврски кон ЕУ, со цел полноправно членство, рече тој и ги отфрли тврдењата дека Анкара му го врти грбот на западот со нејзиното неодамнешно нормализирање на односите со Русија.

- Односите меѓу Турција и Русија не се алтернатива за партнерство и сојузништво со Западот, нагласи шефот на турската дипломатија.

Во врска со неуспешниот обид за државен удар во јули, турскиот министер рече дека тоа претставува „егзистенцијална закана за темелите на Турската Република“ и ја оправда чистката што ја нареди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тврдејќи дека турскиот народ од сите сфери на животот е обединет во врска со мерките на неговата Влада за да се елиминира заканата од страна на организацијата на чие чело е Фатулах Ѓулен кој, според Чавушоглу, се инфилтрирала во сите аспекти на турското општество.

Тој, исто така, изрази надеж дека осуммината турски офицери кои избегаа во Грција каде бараат азил по обидот за државен удар во јули ќе бидат екстрадирани во догледно време и изрази увереност дека „грчките власти ќе донесат вистинска одлука во согласност со националните закони и меѓународните обврски“.

Во врска со преговорите за кипарското прашање, Чавушоглу изрази оптимизам дека неколкудецениската поделеност на островот ќе биде решена до крајот на 2016 година, но ја истакна потребата да се одржува системот на гаранции на трета земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...