Во Грција уапсен полициски наредник за шверц со дрога и оружје

Атина, 14 септември 2016 (МИА) – Полицискиот директорат за внатрешни работи на Северна Грција соопшти дека е уапсен 40-годишен полициски наредник кој работел во Костур, и е обвинет за шверц со дрога и оружје.

Според полицијата, службеникот бил уапсен вчера попладне додека возел автомобил со приколка, во која се пронајдени 113 пакети со марихуана со тежина од 124 килограми и 228 грама.

Подоцна бил извршен и увид во домот на полицаецот при што се пронајдени две пушки калашников со муниција, бајонет, меч, ловечки нож и пари.

Полициската истрага довела и до апсење на 47-годишен сопственик на отпад, кај кого биле пронајдени 10 рачни бомби, еден калашников и муниција, 54 детонатори и еден мобилен телефон.

Против двајцата е покренато кривично обвинение за наркотици и оружје, а полицаецот е суспендиран од неговите должности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...