Ердоган: Турција нема да преземе еднострана операција против ИД во Рака

Анкара, 20 септември 2016 (МИА) - Турција ги поддржува плановите за протерување на Исламска држава од сирискиот град Рака, од страна на антиџихадистичката коалиција предводена од САД. изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој додаде дека Турција нема да дејствува еднострано за ослободување на Рака, но оти ќе се вклучи во операцијата на коалицијата.

Во исто време шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека сирискиот град Ал Баб, кој се наоѓа на 40 километри јужно од турско-сириската граница, како и Рака, ќе бидат следните цели, кои ќе бидат ослободени од ИД.

Турција подолг период бара создавање на безбедносна зона на границата со Сирија со цел да се протераат борцита на ИД и да се прекине мигрантскиот бран. Но, западните сојузници се уште не го прифаќаат предлогот, истакнувајќи дека тоа бара значителни копнени сили и авиони кои би патролирале над зоната.

Чавушоглу наведе дека европските лидери го поддржуваат предлогот за создавање на безбедносна зона, но оти САД се уште размислуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...