Албин Курти: Демаркацијата на границата може да донесе војна во Косово

Приштина, 21 септември 2016 (МИА) - Поранешниот лидер и актуелен пратеник на косовското движење „Самопределување“, Албин Курти, предупредува дека прашањето за демаркацијата на косовската граница со Црна Гора, може повторно „да донесе војна во Косово во наредните пет години“.



- Границата е прашање на разделување на територија. Немаме земја некому да подаруваме. На таа земја е пролеана крв и ние немаме крв за простување. Во следните четири до пет години постојат шанси дека повторно ќе има војна, порача Курти од Тирана, протоа барајќи косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа да поднесат оставки.

 

Според него, како што јави дописникот на МИА, одлуката на Владата за повлекување на договорот за демаркација на границата од дневен ред на Парламентот, дошла под притисок на опозицијата, со што на Косово „му се спасени 8.200 хектари површина“.

- На 1 септември постигнавме голем успех, бидејќи спасивме 8.200 хектари. Со договорот на Тачи и Мустафа ние имаме нова граница, а не демаркација. Црна Гора посакува се подлабоко да навлезе на косовска територија за сопствени планови, смета Курти.

Тој нагласува дека договорот со Црна Гора е договор за капитулација на Косово и им се заблагодари на граѓаните за протестите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...